Достапни линкови

Во Атина судири меѓу полицијата и муслимански демонстранти


Грчката полиција денеска употреби солзавец за да ги растера стотиците муслимани кои и денеска протестираа во Атина, поради тоа што еден грчки полицаец при рутинска контрола на еден локал уништил примерок од светата муслиманска книга, Куранот. Стотици имигранти, повеќето од Пакистан, Авганистан и Сирија, организираа протест пред Министерството за внатрешни работи во Атина, при што дошло до судир со полицијата. Грчката полиција и вчера во Атина се судри со околу 1.500 муслимански имигранти.
XS
SM
MD
LG