Достапни линкови

Одлуката за укинување на ЕУ визите, најдоцна во ноември годинава


Македонија доби највисоки оценки од Европската комисија, во исполнувањето на условите за визна либерализација од другите земји во регионот: Албанија, Босна, Црна Гора и Србија, изјави денеска во Скопје вицепремиерот Ивица Боцевски, најавувајќи дека од понеделник членките на Унијата ќе почнат дебата за извештаите кои веќе биле пристигнати во балканските земји. Тој додаде дека Комисијата во идниот месец треба да препорача промена на регулативата, по што следи советодавното мислење на Европскиот Парламент, како и одлуката на Советот на министрите. “Најоптимистичка варијанта за конечна одлука е септември, а најпесимистичка крајот на ноември, годинава“, додаде Боцевски.
XS
SM
MD
LG