Достапни линкови

Срби протестираат поради контролите на ЕУЛЕКС


Жители на српското село Зубин поток на Косово ја блокираа денеска магистралата Рибарице - Косовска Митровица, што ја поврзува Србија со северниот дел на Косово. Србите протестираат против дополнителните мерки за контрола на транспортот, воведени од ЕУЛЕКС на граничните премини Брњак и Јарине, распоредени на административната граница на Косово. Тие сметаат дека мисијата на Европската Унија ги надминала своите овластувања, започнувајќи селективно со примена на планот од шест точки на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун за подобрување на ситуацијата во српските енклави.
XS
SM
MD
LG