Достапни линкови

Убиени 34 милитанти, запленети 15 тони дрога во Авганистан


Американската команда соопшти дека за време на акциите во јужен Авганистан оваа недела се убиени 34 милитанти од страна на американските и авганистанските трупи. При тоа биле запленети 15 тони наркотици. Според американски воени проценки, талибанците годишно заработуваат од 80 до 400 милиони долари од нелегалната трговија со опиум.
XS
SM
MD
LG