Достапни линкови

Силна опозиција контролор на власта


Бранко Црвенковски

Бранко Црвенковски

Политичарите и аналитичарите се согласуваат дека на Македонија и е потребна силна опозиција. Сепак, политичарите од власта и опозицијата не се согласуваат за тоа дали Бранко Црвенковски ќе успее да ја врати опозицијата на политичката сцена

На Македонија и е потребна силна, конструктивна и лојална опозиција, заклучуваат аналитичарите и политичарите. Лидерот на
Во моментов и треба моќна, добро организирана, конструктивна опозиција, која ќе нуди проекти, ќе нуди алтернативи и ќе се бори на јавната сцена. Но, власта прави се опозицијата да ја нема, или да биде што помаргинална
опозициската НСДП Тито Петковски вели дека, во систуација кога една партија ја има власта на локално и централно ниво и огромно мнозинство во Парламентот, на Македонија и е неопходна силна опозиција. Апсолутната власт, долгорочно, е најсериозната опасност за една држава во однос на демократските процеси, вели Петковски.

„Во моментов и треба моќна, добро организирана, конструктивна опозиција, која ќе нуди проекти, ќе нуди алтернативи и ќе се бори на јавната сцена. Но, власта прави се опозицијата да ја нема, или да биде што помаргинална.“

Политикологот Емил Атанасовски се согласува дека Македонија има потреба од силна опозиција, која ќе биде контролор на власта. Секоја одговорна Влада би посакувала силна опозиција, бидејќи тоа е уште еден начин, самата владејачка структура подобро да ги спроведува своите политики, вели Атанасовски.

„Силната опозиција е всушност еден од контролорите на власта во државата. Но, таа треба да биде и лојална. На пример, во Велика Британија, опозицијата се вика лојална опозиција на нејзиното Височество.“

Сепак, вели Атанасовски, во пракса работите стојат поинаку и Владите ја сметаат опозицијата како пречка.
Силната опозиција е всушност еден од контролорите на власта во државата. Но, таа треба да биде и лојална. На пример, во Велика Британија, опозицијата се вика лојална опозиција на нејзиното Височество


„Прагматички гледано, не знам која влада би сакала да има толку силна опозиција.“

Опозицискиот СДСМ очекува дека ќе ги консолидира своите редови, по враќањето на Бранко Црвенковски на чело на партијата. Според најавите Црвенковски ќе ја преземе лидерската позиција кај Социјалдемократите, в недела, на деветтиот партиски конгрес. Се очекува Црвенковски да нема противкандидат за лидерската позиција и делегатите со акламација да го потврдат неговиот избор на лидерската позиција. Петковски смета дека Црвенковски ќе успее да ги обедини разните фракции кај Социјалдемократите.

„Јас верувам дека Црвенковски ќе го хомогенизира СДСМ, но дали ќе успее да направи јасна платформа како стожерна партија во опозицијата и врз јасни принципи да привлече партнери во опозиција, тоа ќе покаже времето.“

И во владејачката ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека на Македонија и треба силна опозиција, но не веруваат дека тоа може да се постигне со враќањето на Црвенковски на чело на СДСМ.

„На Македонија секако и треба силна опозиција, меѓутоа пред се и треба опозиција растеретена од транзициското наследство што го носи со себе. Нашата транзициска левица нема кредибилитет и сила да биде реална опозиција, онаква каква што на Република Македонија и треба,“

Во СДСМ најавуваат дека, веднаш по конгресот, Црвенковски целосно ќе се посвети на зајакнување на партиската инфраструктура.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG