Достапни линкови

Паѓа продажбата на автомобили


Скопје

Скопје

Кризата влијае на авто импортерите во Македонија. Според нив, најмногу е падната продажбата на мали автомобили. Од друга страна, побарувачката на станови расте, велат агенциите за недвижности

Во услови на криза, граѓаните помалку купуваат автомобили а повеќе се заинтересирани за инвестирање во недвижност
Интересот за продажба на станови е голем, но има мала понуда, па не можеме да ја задоволиме побарувачката
и. Додека дел од автоимпортерите бележат пад на интересот за продажба на возила, агенциите за недвижности тврдат дека се уште има заинтересирана клиентела. Директорот на агенцијата за недвижности „Левел 7“ Игор Панчевски тврди дека се повеќе клиенти плаќаат во готовина

„Интересот за продажба на станови е голем, но има мала понуда, па не можеме да ја задоволиме побарувачката.“

Панчевски смета дека граѓаните купуваат станови поради тоа што сметаат дека таквата инвестиција е посигурна во услови на криза

„Во моментов паѓаат цените на пазарот на недвижности и во овие услови добро е да се купи стан или друга недвижност
Најмногу имаат осетено малите возила до кај 10 илјади евра, што ги купуваше средниот слој луѓе. Тој сегмент е опаднат три – четири пати. Додека возилата од повисока и средна класа, над 20 илјади евра, тој сегмент воопшто не е паднат
, која понатаму би ја продале и би заработиле пари.“

Автоимпортерите од друга страна, велат дека продажбата на нови автомобили е опадната. Директорот на „Автокуќа“ Илија Попјанев вели дека посебно е опаднат интересот за купување на градски возила

„Најмногу имаат осетено малите возила до кај 10 илјади евра, што ги купуваше средниот слој луѓе. Тој сегмент е опаднат три – четири пати. Додека возилата од повисока и средна класа, над 20 илјади евра, тој сегмент воопшто не е паднат.“

Инаку, според официјални податоци од Kомората на автоимпортери при Сојузот на стопански комори од јануари до април 2008 биле продадени 5189 патнички автомобилi, додека во истиот период годинава биле продадени 3357 нови автомобили, или речиси 65 отсто помалку.
XS
SM
MD
LG