Достапни линкови

logo-print

Бајден со јасни пораки до Балканот, но не и со конкретна помош


Пораките на американскиот потпретседател Џозеф Бајден во Сараево, Белград и Приштина сигнализираат дека Соединетите држави се враќаат на Балканот за да му помогнат во евроатлантската интеграција.

Британскиот аналитичар Марк Алмонд смета дека Вашингтон страхува од непожелни последици доколку процесот за интегрирање на Балканот во Европската унија биде одложен. Во врска со факторите кои доведоа до обновување на американското интересирање за Балканот што на извесен начин ја покажа и турнејата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на регионот во првите месеци на администрацијата на Барак Обама, британскиот аналитичар, вели:
Марк Алмонд

,,Дел од одговорот е во тоа што актуелни официјални претставници на администрацијата се луѓе кои се занимаваа со овој регион и пред десет години и што се сеќаваат на тогашните настани. Но, главното објаснување е во фактот што НАТО каде што американците го одредуваат тонот, како и Европската унија, гледаат на Западен Балкан како на темна дамка, бидејќи е се појасно дека регионот нема набргу да влезе во евроатлантските структури.,,
Посетата на Бајден на регионот би можело да има и бумеранг ефект, односно да се испостави дека неговата реторика била празна. Многу опасна ситиуација е кога претставник на американската админситарција упатува јасни пораки, а не е во состојба да даде и конкретна помош...


Разочарувањето од тој факт, како што вели Марк Алмонд во интервјуто со новинарот на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ, може да го турне регионот во непожелен правец. Кон продлабочувањето на нестабилноста придонесуваат и заострените економски проблеми, поради светската финансиска криза, вели тој и притоа го посочува примерот со Босна и Херцеговина која, според пораките на Бајден треба да профункционира како вистинска држава, единствена и суверена:

,,Доколку Соединетите држави се подготвени во Босна да ги упатат оние ресурси што ги испраќаа по Дејтон, нема сомневање дека ќе помогнат во реформата на таа земја во тој правец. Наместо тоа Вашингтон, одговорноста за регионот и ја препушти на Европската унија која пак е во економска криза и веќе не дава помош.,,

Она што е полошо, смета британскиот аналитичар, е тоа што и Соединетите држави немаат доволно средства па затоа, како што додава, посетата на Бајден на регионот би можела да има и бумеранг ефект, односно би можело да се испостави дека неговата реторика била празна. Многу опасна ситиуација е кога претставник на американската админситарција упатува јасни пораки, а не е во состојба да даде и конкретна помош, вели Алмонд.

,,Претседателот Обама собра во своите редови личности кои остро ја критикуваа Европската унија во деведесетите години затоа што не го спречи конфликтот во поранешна Југославија. Демократите кои имаат мнозинство во Конгресот со презир гледаат на Унијата, но проблем е колку сега Вашингтон има пари за помош во време на економска криза и на војни во Ирак, Авганистан, а можеби и во Пакистан.,,

Според Алмонд, Соединетите држави сакаат да помогнат во забрзувањето на евро итеграцијата на Западен Балкан, но проблемот е што ќе направат европејците кои немаат единствен глас за проширувањето на Унијата. Тие порано беа незаинтересирани, но сметаа дека станува збор за добар проект. Сега, со економските проблеми, преовладува мислењето дека натамошното ширење не е добра идеја, вели британскиот аналитичар Марк Алмонд.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG