Достапни линкови

Наредниот четврток ќе се одржи првиот вебинар во Македонија „Е-трговијата пристигна и кај нас“. Вебинарот е во организација на невладината организација „Е-невладина“

Во подготовка е првиот вебинар во Македонија. Вебинарот на тема “Е-трговијата пристигна и кај нас” ќе се одржи наредниот четврток.
Веб-конференциите или попознати како вебинари се презентации, работилници, состаноци или семинари кои се одржуваат преку интернет. На вебинарот секој учесник седи пред својот компјутер, односно лап топ и преку интернет е поврзан со другите учесници и
Во Америка и Западна Европа тие се секојдневие, и на интернет има секој ден вебинари и затоа сакаме да го промовириме како еден вид комуникација и во Македонија
презентери.Првиот македонски вебинар го организира граѓанското здружение за поддршка и развој на информатичкото општеството во Македонија „Е-невладина“. Потпретседателот на Е-невладина Никола Бојков посочува дека предноста на вебинарите е во нивната едноставност.

„Во Америка и Западна Европа тие се секојдневие, и на интернет има секој ден вебинари и затоа сакаме да го промовириме како еден вид комуникација и во Македонија.“

На вебинарот ќе се дебатира за Е-Трговијата во Македонија и проблемите со кои се соочува, но ќе се нудат и решенија и совети. Организаторот Никола Бојков посочува дека предноста е и во евтината организација.

Трошоците за организирање на вебинар се сведуваат само на плаќање на лиценцата за софтверот за вебинар, што спрема трошоците за закупување на сала, простор, опрема, проектори, микрофони, мислам дека е неспоредливо.“
Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека на овој начин во Македонија може, за помалку пари, „да се донесат“ и звучни професорски имиња од странство.

„Во земја како нашата каде финансиите се секогаш знак прашање, да донесете некои звучно професорско име ќе ве чини една сума на пари, а доколку тоа го направите преку интернет и го замолите само во тој момент да биде пред компјутер во оној период кога ќе ги договорите и сите останати, знаеме дека трошоците на овој начин се многу помали.“

Асистентот по Е-Бизнис на Економскиот факултет во Скопје Мартин Михајлов вели дека има неколку причини зошто до сега не се организирале вебинари во Македонија. Проблемот со пристапноста на интернет се надминува, но граѓаните, се уште, не се навикнати да ги користат сите можности што ги нуди, вели Михајлов.

„Ненавикнатост во Македонија дека вебинар е нешто што функционира.“

Експертите за интернет посочуваат дека предноста на ваквите интернет-семинари е во тоа што на нив може да учествува секој и од кое било место на планетата што има пристап на интернет.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG