Достапни линкови

logo-print

Санадер и Топи задоволни од влезот во НАТО


Хрватскиот премиер Иво Санадер вчера во Загреб се сретна со албанскиот претседател Бамир Топи. Хрватската влада соопшти дека Санадер „со задоволство“ оцени дека неодамнешното влегување на Хрватска и Албанија во НАТО е големо достигнување на патот кон остварување на стратегиските цели на двете земји и дека тоа придонесува за стабилноста на регионот. Во групата за влез во НАТО, со Хрватска и Албанија, беше и Македонија, но земјава не доби покана за членство поради грчкото противење околу нерешениот спор за името.
XS
SM
MD
LG