Достапни линкови

logo-print

Штрајк на грчките железничари


За денеска во Атина и во Солун е најавен 24-часовен штрајк на вработените во грчките железници ОСЕ, кои се незадоволни од владиниот план за заздравување на државната компанија. Планот предвидува затворање на околу три илјади работни места и продажба на железницата. Протестите се поддржани од Здружената конфедерација на трудот ГСЕЕ, која е највлијателната синдикална централа во земјата. Долговите на грчките железници изнесуваат девет милијарди долари.
XS
SM
MD
LG