Достапни линкови

Признание од Тадиќ за специјалците и преговарачите


Претседателот на Србија Борис Тадиќ им оддаде признание на специјалните единици на полицијата и на војската, на обезбедувањето и на преговарачите, за одлично завршената работа во решавањето на проблемот со Драган Мариќ, кој вооружен со две бомби влезе во зградата на српското Претседателство и се закануваше дека ќе ги активира. Припадници на српските специјални единици го совладаа Мариќ, кој вчера околу пладне влезе во зградата на претседателството, заканувајќи се дека ќе ги активира бомбите доколку не му се гарантира судско порамнување. Мариќ во 2004-та година 80 денови штрајкувал со глад пред зградата на Собранието на Србија, незадоволен од одлука од судски спор.
XS
SM
MD
LG