Достапни линкови

logo-print

Џозеф Бајден денеска во Либан


Потпретседателот на САД Џозеф Бајден денеска патува во Бејрут каде што ќе „ја изрази поддршката на Вашингтон за независен и суверен Либан“, соопшти синоќа американската администрација. Бајден, кој во претходните три дена, во рамките на балканската турнеја, престојуваше во Сараево, Белград и Приштина, го посетува Либан, две недели пред одржувањето на парламентарните избори во таа земја.
Според анкетите, изборите може да ги добие партијата Хезболах, која Американците ја сметаат за терористичка организација.
Администрацијата на САД го поддржува парламентарното мнозинство предводено од Сад Харири, син на поранешниот либански премиер Рафик Харири, кој беше убиен во 2005-та година.
XS
SM
MD
LG