Достапни линкови

logo-print

Бајден го посети манастирот Дечани


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во рамки на денешната посета на Приштина изјави дека независноста на Косово е непровратен процес и додаде дека успехот на земјата, како независна држава, е приоритет за американската администрација. Покрај успесите што се постигнати во текот на едногодишната независност на Косово, тој укажа и дека има уште многу што да се стори, порачувајќи дека меѓу другото еден од предизвиците треба да биде и воспоставување дијалог со српската заедница на Косово. Владеење на дух на толеранција во целиот регион, беше пораката што Бајден ја упати и при посетата на манастирот Дечани. Со посетата на Приштина, американскиот потпретседател ја завршува мини турнејата низ Балканот, во чии рамки претходно ги посети Сараево и Белград.
XS
SM
MD
LG