Достапни линкови

Обама - Гвантанамо ја ослабна американската безбедност


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е решен во својата намера за затворање на затворот за осомничени терористи Гвантанамо. Во говорот посветен на националната безбедност, Обама изјави дека затворањето на затворот ќе придонесе за враќање на моралниот авторитет на Америка во светот. Тој исто така додаде и дека постоењето на затворот Гвантанамо, како што рече, веројатно креирал повеќе терористи ширум светот, отколку што помогнал да бидат затворени. Затоа пораката е јасна, затворот Гвантанамо ја ослабна националната безбедност на Америка, рече Обама. Неговиот говор доаѓа откако Конгресот го отфрли неговото барање за издвојување на 80 милиони долари за затворање на Гвантанамо, а исто така го блокираше и трансферот на затворениците од овој центар во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG