Достапни линкови

Мал одзив на студентските протести


Macedonia - Student protests in Skopje, Skopje, 22May2009

Macedonia - Student protests in Skopje, Skopje, 22May2009

Мала група студенти денеска оддржаа протести, барајќи подобрување на студентскиот статус. Многумина останаа настрана и само набљудуваа што се случува. Меѓусебно си упатија обвинувања за вмешаност на политиката, односно немање организација.

Мала група на студенти, која се нарекува ,,Слободен Индекс“ денеска протестираше пред платото на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Тие бараат пред се да се укине партиципацијата во државната квота, но бараат и попусти во театрите, кината,на автобуски билети и подобри услови во студентските домови. Не се задоволни и од спроведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, како и од неефикасноста на студентската администрација. Но тие не добија подршка од своите колеги. Еден од организаторите на протестот Борис Каевски смета тие не се вклучија во протестот поради нивните родители, кои добиле работа преку партиска книшка, но и затоа што не ги знаат доволно своите права.

„Голем број од студентите имаат родители кои што се партиски вработени, и изгледа самите студените не се запознаени со своите студентски права и се задоволуваат само со ,,трошките“ кои што им се фрлени и незнаат дека може да добијат многу повеќе.“

Повеќето од студентите не сакаа да коментираат, зошто протестот го посматраа само одстрана. Други пак бараа изговори, а некои се
Голем број од студентите имаат родители кои што се партиски вработени, и изгледа самите студените не се запознаени со своите студентски права
жалеа и на лошата организација.

„Ќе се приклучиме, полека се собираме.,,

„Нема добра организација, така мислам јас.“

Транзицијата е причината, поради која поголем дел од студентите немаат навика да се борат за своите права вели магистерот по филозофски науки Вангел Ноневски.

„Две децении транзиција не научија да бидеме пасивни, со наведната глава пред сите проблеми, туку да гледаме четири-пет години да се заврши факултет, и после по можност да се избега од државата, или да се најде некоја работа.“

Иако професорите не беа поканите и тие да протестираат професорот на филозофскиот факултет Киро Камберски го подржува секој обид на студентите да ја подобрат својата положба и да ги решат своите проблеми. Но, дали според него има доволно критичка мисла кај нив, за да го добијат тоа што го бараат?

„Мислам дека нема и тоа е една од поголемите слабости на студентскиот живот и студентските активности.“

Студентите ќе продолжат да протестираат се додека министерството за образование и наука и ректоратот на универзитетот не ги
Нема добра организација, така мислам јас
исполни нивните барања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG