Достапни линкови

logo-print

Проблемот е во Уставот или во Уставниот суд?


Уставен суд

Уставен суд

Можеби е време да се направи анализа колку Уставот е со стари решенија, но за одлуките кои што ги носи Уставниот суд воопшто не е виновен, смета експертската јавност. Сепак експертите велат дека има влијание и носењето набрзина законски решенија, а не ја исклучуваат и политиката.

Според Професорот Саво Климовски вината за поништените одредби од законите не треба да се бара кај Уставниот Суд зошто само констатира дека решенијата не се во согласносот со Уставот. Можеби е време да се направи анализа колку Уставот ни е со стари решенија, колку праксата ги има истите надминато, вели Професорот Саво Климовски.

„Кај нас никој не сака да го отвори тој проблем. Затоа што ако се отвори тој проблем, ќе треба да се соочиме со реалноста, а таа е: Ќе ја градиме ли оваа држава како граѓанска, мултинационална, мултиконфесионална, унитарна, но не сакаат да го отворат тоа прашање. Уставниот суд вооопшто не е виновен. Уставниот суд констатира дека дел од тие решенија се спротивни од Уставот, такви какви што се, бидејќи друго и неможе да констатира.“

Во конкрениот случај за екстерното оценување, Климовски се сложува дека имаме нереално оценување и оти веројатно владата сака да
Уставниот суд вооопшто не е виновен. Уставниот суд констатира дека дел од тие решенија се спротивни од Уставот, такви какви што се, бидејќи друго и неможе да констатира
го подигне квалитетот на образованието, но се сретнува со одредби од позитивното законодавство кои тоа не го дозвилуваат. Посложено е прашањето поврзано со верските заедници и веронауката. Веронауката треба да ја плаќа државата. Во Македонија има пет религиозни заедници кои се утврдени со Уставот и истите може да бараат ист статус, како и МПЦ, а тоа според Климовски отвора пат кон барање за промена на карактерот на државата. Професорот Иван Бимбиловски од Правниот факултет при Европскиот Универзитет во Скопје не навлегува во анализа дали и колку Уставот кој беше донесен во деведесетите години ги има надминато реалните состојби. Неуспехот во носењето на некои од законските решенија делумно се должи на недоволната вклученост на поширока правна екпертиза, но и на политичко општествената култура, забележува Бимбиловски според кого Уставниот суд постапува повеке од позиција на авторитет, отколку од позиција на аргументи:

„Како пример би дал не ова што се случуваше сега, туку една одлука за укинување на дополнителната дејноста на лекарите вработени во јавното здравство. Истото законско решение поддржано од Уставниот суд во 94-та, падна во 2007-та година и тоа за мене некако е индикативно.“

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски недамна рече дека за него одлуките на Уствниот суд се конечни и извршни и оцени дека има потреба од поголема вклученсот на експерти и на невладини организации при носењето на законите. На укинувањето на екстерното оценување му претходеше укинување на делови од одредби од законот за веронауката, а поголемо внимание во јавноста предизвика и укинувањето на членови од законот за демографска стратегија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG