Достапни линкови

Наскоро решение за името?


Консултации на државниот врв за спорот со Грција за името
Консултации на државниот врв за спорот со Грција за името
Нема рокови до кога треба да се реши спорот за името со Грција, но ќе биде подобро за сите ако компромисот дојде што поскоро, коментираат аналитичарите. Власта и дел од експертската јавност се согласуваат дека има зголемен притисок од меѓународната јавност и кон Грција и кон Македонија за брзо решавање на спорот.

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин не се согласува дека сега се зголемува притискот и посочува дека странските дипломати, повеќе од една година, настојуваат што поскоро да се реши спорот.

Според моите сознанија, од контактите со значајни функционери на НАТО и на ЕУ, ако не најде компромис во наредната година,
Веројатно Нимиц ќе дојде со конкретни предлози кои ќе бидат презентирани на грчката јавност и македонската јавност и ќе бидат претставени по принципот земи или остави. Претпоставувам дека е можно да се случи македонската влада да го прифати предлогот на Нимиц
Македонија може да го загуби овој квалификуван статус што сега го има во Алијансата, вели Ружин.

„Се смета дека Република Македонија во следната година мора да го реши проблемот, доколку сака да добие покана за членство во Алијансата. Бидејќи, во случај и натаму да продолжат неизвесностите, Македонија може овој квалификуван статус што сега го има во Алијaнсата под притисок на некои земји може да го загуби, па пак да се бара нова агенда, императиви, стандарди.“

Ружин смета дека по завршувањето на европските избори во јуни, посредникот за преговорите за името со Грција Метју Нимиц ќе дојде со конкретни предлози за решавање на спорот.

Политикологот Жидас Даскаловски се согласува дека не постојат рокови за наоѓање компромис. Сепак, посочува тој, ова прашање го кочи понатамошното проширување на НАТО и затоа неговото решавање е од витален интерес за САД. Даскаловски смета дека е можно да се дојде до компромис, веќе по јунската посета на Нимиц на регионов.

„Веројатно Нимиц ќе дојде со конкретни предлози кои ќе бидат презентирани на грчката јавност и македонската јавност и ќе бидат претставени по принципот земи или остави. Претпоставувам дека е можно да се случи македонската влада да го прифати предлогот на Нимиц.“

Премиерот Никола Груевски, вчера, информира дека постои притисок од надворешни фактори и врз Македонија и врз Грција прашањето за името да се реши колку е можно побрзо.

„Притисок има што побрзо да се реши, нема месец, но има притисок и до Грција и до Македонија што побрзо да се реши прашањето и Македонија да влезе во НАТО, ЕУ и да се затвори спорот, да, таков притисок има.“

Координаторот на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија и претседател на Германско-македонското друштво Валтер Колбо, по вчерашната средба со премиерот Груевски соопшти дека неговата партија го повикала лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу да ја смени позицијата во однос на проблемот за името.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG