Достапни линкови

Иран нема да биде побезбеден со нуклеарно оружје, изјави Клинтон



Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека ќе се обиде да го убеди Иран дека не му е од интерес да развива нуклеарно оружје. Во обраќањето во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Клинтон оцени дека доколку Иран дојде до нуклеарно оружје, тоа ќе ја разгори трката по вооружување на Блискиот Исток, што нема да биде од корист за иранската безбедност.
XS
SM
MD
LG