Достапни линкови

Трета среќа за двокатни автобуси во Скопје?


Двокатен автобус во Лондон

Двокатен автобус во Лондон

По двата неуспешни тендери, владата распиша нов тендер за набавка на 300 двокатни автобуси. Ќе го добијат ли скопјани новиот градски автобуски јавен превоз, кој долго им се ветува и како ќе функционира?

Дали Скопјани, до крајот на годинава, ќе се возат во нови автобуси на два ката. По двата неуспешни тендери, пред една недела, Владата распиша нов, за набавка на триста автобуси за јавен превоз. Тие сакаат да го вратат стариот дух и традицијата во нашиот град, кога граѓаните се возеле во вакви автобуси во педесетите години на минатиот век. И сега, повеќето од нив сакаат да видат вакво
Имаме делови од градот кои што се на брдо, па двокатните автобуси мислам дека е потешко да се искачат во тие делови
превозно средство низ скопските улици.

„Мислам дека добра опција е воведувањето на двокатни автобуси и убаво би изгледал градот.“

„Повеќе народот ќе може да соберат новите автобуси, и понови ќе бидат што е подобро.“

„Имаме делови од градот кои што се на брдо, па двокатните автобуси мислам дека е потешко да се искачат во тие делови.“

„Повеќе автобуси да има, а не еве вака чекаме по четириесет минути.“

На тендерот, пред една недела, се пријавија четири фирми - од Кина, Бугарија, Словенија и Санос од Македонија. Новите автобуси ќе
Мислам дека добра опција е воведувањето на двокатни автобуси и убаво би изгледал градот
чинат од осумдесет до сто дваесет милиони евра. Од ЈСП беа против вакви автобуси, уште од самиот почеток. Како причина ги наведуваа улиците и семафорите, како и културата на луѓето , кои не се прилагодени за вакви новини во градскиот превоз. Дека новите автобуси ќе претставуваат проблем, се согласува и собраќајниот инжинер Стево Калајџиски.

„Дрворедите редовно да се поткаструваат. Возилата се високи 4,20 метри, така каде што на пропусти, подвозници каде што висината е пониска, тие не ќе може да сообраќаат.“

Во наредните неколку дена, Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледува понудите на пријавените фирми. Во тендерот е наведено и дека освен цената, гарантниот период и рокот на испорака, еден од условите е и да се понуди изглед на автобусите сличен на таканаречените даблдекери, кои се возеле во Скопје пред земјотресот.
XS
SM
MD
LG