Достапни линкови

Незадоволство од спроведувањето на Охридскиот договор


Протести на приврзаниците на ДУИ во Скопје во август 2006

Протести на приврзаниците на ДУИ во Скопје во август 2006

Речиси сите партии на Албанците во Македонија не се задоволни од динамиката на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Некои велат, дека делови од Договорот не се спроведуваат

ДУИ оценува дека има потреба од поголема динамика во спроведување на донесените закони што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Рафиз Алити оценува дека само делумно се спроведува законот за локална самоупрва во општините, а дека има потреба и од поголема застапеност на албанскиот јазик и во државните институции како на пример во судството, како обврска што произлегува од законот за јазиците.

„Уште нема ниту еден документ преведено во некои општини на албански, што е опасно во општините каде што службен јазик е албанскиот. Исто така, се доцни со правичната застапеност.“

Додека ДУИ смета дека има потреба од поголема динамика во спроведување на законот за локална самупрпва и на законот за јазиците во Нова демократија сметаат деке потребниот степен на употреба на јазикот не е решен зошто законот за јазиците кој беше изгласан во итна постапка во основа претставува збир на правнилници и на акти и не ги задоволуваат потребите на Албанците:

„Со охридскиот рамковен договор не се решени многу прашања. Исто така и употребата на албанското знаме во општините, како што е предвидено со закон, но сега знаеме дека Уставниот суд ја укина таа одредба,“

вели Ариајант Хоџа од од Нова Демократија кој исто така изразува и критики
за идејата на опозициската ДПА за нов политички договор, додавајќи дека не може секогаш политичка партија кога ја менува позицијата да излегува со нови барања. Но, иако без подршка од останатите партии од албанскиот политички блок за носење нов политички договор во ДПА оценуваат дека истиот е непходен. Според Адриатик Имери најголемиот дел од решнијата кои прозилегуваат од рамковниот договор не се остваруваат.

„Употребата на албанскиот јазик, употребата на албанското знаме, потоа во државната администрација нема 25% Албанци, значи застапеноста на Албанците и други нешта кои не се толку битни како овие прашања.“

Рамковниот договор е преточен во уставна норма и е дел од законските решенија Неговата примена во делот на првичната и соодветна застапеност овозможи зголемување на бројот на вработувањата според етнички клуч, а процентот варира, односно во некои инстутуции застепност е под 20 проценти, а има и примери на надминување на истиот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG