Достапни линкови

Продолжуваат руско-американските разговори за договорот СТАРТ


Руски и американски претставници денеска во Москва, втор ден по ред, ги продолжуваат разговорите за замена на Договорот за намалување на стратегиското оружје, познат како СТАРТ, кој истекува во декември. Преговарачките тимови ги предводат американскиот помошник државен секретар Роуз Готмолер и претставникот од руското министерство за надворешни работи Анатолиј Антонов. Целта на разговорите е намалување на нуклеарните арсенали на двете земји.
XS
SM
MD
LG