Достапни линкови

Студентски протести


Студентските протести на Тетовскиот Унверзитет за независно Косово одржани во 2007
Студентските протести на Тетовскиот Унверзитет за независно Косово одржани во 2007
Политиката длабока навлегла во студентскиот живот се согласуваат студентите. За утре студентите од универзитеот „Св. Кирил и Методиј“, закажаа протести пред платото на факултетите кај Бит Пазар. И нивните колеги од Тетовскиот државен универзитет исто
За жал, не може да се избегне наводната политизираност и обвинувањата, но може да се биде искрен во намерите и со пример да се покаже дека тие обвинувања не се точни
така ќе протестираат. Скопските студенти бараат слободен индекс, да не се плаќа така наречената државна квота, подобри услови во студентските домови. Студентите од Тетовскиот универзитет пак се незадоволни од средставата што ги издвојува државата за Универзитетот. И за едните и за другите протести во јавноста кружат гласини дека се подржани од партии од опозицијата.

Студентот Андреј Анчевски вели дека биле свесни дека партиски ќе ги обојат, но ќе издржат се за да си ги добијат своите права.

„За жал, не може да се избегне наводната политизираност и обвинувањата, но може да се биде искрен во намерите и со пример да се покаже дека тие обвинувања не се точни.“

Сојузот на студенти од „Кирил и Методиј „не го подржува протестот на студнтите со образложение дека правата можат да си ги бараат преку институциите.
Нивниот претседател Самоил Малчевски вели дека општеството во кое живееме, вклучувајќи го и студентското движење е премногу исполитизирано.

„Што се однесува до студентското движење, може да се избегне со добар и силен закон за студентско организир
Политичките партии и политичките првенци се свесни дека новата надоаѓачка сила на ова општество е во студентските движења, и затоа се трудат и даваат се од себе за да ги контролираат
ање, за којшто ние веќе две години се залагаме, ама никако да најдеме слух од институциите да го донесат тој закон.“

За разлика од скопските , тетовските студенти добија јавна подршка од ДПА.Заменик претседателот на Владата Абдулаќим Адеми по најавата на студентите од Државен универзитет во Тетово дека ќе протестираат упати апел да не бидат политички манипулирани. Политикологот Филип Петровски, познат и како организатор на студентски протести од пред неколку години, вели дека политичките партии сакаат да ги контролираат студентските организации.

„Политичките партии и политичките првенци се свесни дека новата надоаѓачка сила на ова општество е во студентските движења, и затоа се трудат и даваат се од себе за да ги контролираат.“

вели Петровски и додава дека доколку студентите се добро организирани, нивниот глас ќе се чуе и тие ќе си го добијат местото кое го заслужуваат, како движечка сила на општеството.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG