Достапни линкови

Молдавија - нов претседател или нови избори


Парламентот на Молдавија денеска ќе гласа за наследникот на комунистичкиот претседател Владимир Вороњин. Комунистите го предложија премиерот Зинаида Гречеану да го замени Вороњин кој е на власт од 2001 и не може да бара трет мандат. На изборите пред еден месец комунистите освоија 60 од 110 пратенички места на избори кои опозицијата ги окфалификува како не демократски и денеска три опозициони партии го бојкотираат гласањето во Парламентот. За да се избере нов претседател потребни се 61 глас, а доколку тоа не се случи по две гласања, ке дојде до распушатање на парламентот и нови парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG