Достапни линкови

Бамир Топи во Хрватска


Албанскиот претседател Бамир Топи од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб ќе се сретне со својот домаќин Стипе Месиќ и со други претставници на државниот врв на Хрватска. Разговорите ќе бидат посветени на подобрувањето на меѓусебните односи и соработката во рамките на партнерството во НАТО и на аспирациите на двете земји за интегрирање во ЕУ.
XS
SM
MD
LG