Достапни линкови

Бајден: Вратите на Европа и НАТО отворени за балканските земји


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска во Сараево, што е прва станица од неговата турнеја низ Балканот, укажа на ангажираноста на Соединетите Држави во регионот, и порача дека вратите на Европа и НАТО се отворени за балканските земји. Бајден ја спомена и Македонија нагласувајќи дека земјта ќе биде дел од Алијансата по решавањето на спорот со името. Бајден во обраќањето во босанскиот парламент порача:

„Доаѓаме со јасна порака, актуелната американска администрација Обама-Бајден ќе остане доследна на американската политика за целовита Европа, слободна и во мир, а тоа ве вклучува и вас. Вратата е отворена за земјите од овој регион, кои по прв пат во историја стануваат нераздвоен дел од Европа, а САД ќе ви помогне да влезете низ таа врата. Во април шефовите на земјите членки на НАТО го поздравија приемот на Хрватска и Албанија во НАТО, и Македонија наскоро ќе се придружи кон НАТО штом се реши спроот со Грција околу името.“

рече Бајден, напоменувајќи го евро-атлантскиот пат и на другите земји од регионот. Американскиот потретседател денеска оддржа средби зад затворени врати со членовите на претседателството на Босна и Херцеговина. Тој утре се очекува да го посети Белград, а во четврток ќе отпатува за Приштина.
XS
SM
MD
LG