Достапни линкови

Собранието го донесе законот за мировниците


Македонското Собрание попладнево го донесе Законот за посебните права на учесниците во мировните операции надвор од територијата на Македонија и на членовите на нивните семејства. Парламентарното мнозинство на почетокот на расправата не го прифати барањето на опозицијата Законот да се повлече и да се доработи, согласно барањето на семејствата на загинатите мировници кај Блаце кои не се согласуваат со законот.
XS
SM
MD
LG