Достапни линкови

Одлуката за визите по изјаснувањето на земјите членки за извештајот на ЕК


Европската Комисија денеска соопшти дека Советот на министри на Европската Унија ќе донесе одлука за тоа на кои земји од Западен Балкан ќе им бидат укинати визите, откако земјите членки на Унијата ќе се изјаснат околу извештајот што Европската Комисија веќе им го доставува. Извештајот соддржи оценки за тоа која земја, колку напредувала на исполнувањето на условите за визна либерализација. Засега според неофицијални информации, според извештајот Македонија ги исполнила сите услови за укинување на визите за ЕУ, можно е истото да важи и за Црна Гора, додека за Босна и Херцеговина и Албанија било наведено дека не ги исполниле условите. Поради утврдени ,,одредени проблеми“ овој процес е неизвесен и за Србија.
XS
SM
MD
LG