Достапни линкови

logo-print

Рамковниот договор суштински за патот на Македонија кон ЕУ


Почитувањето на духот на Рамковниот договор останува да биде од суштинско значење за европскиот пат на Македонија до нејзиното приклучување во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој укажа на веќе исполнетите обврски, но додаде дека сепак неопходен е дополнителен напредок во спроведувањето на договорот за постигнување на правичната застапеност на сите заедници во јавната администрација. Според Фуере Рамковниот договор претставува единствена рамка за помирување и е суштински дел од политичките критериуми кои на крајот ќе и овозможат на Македонија да влезе во Европската унија.
XS
SM
MD
LG