Достапни линкови

Бајден на средби со босанските лидери


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во Сараево, што е прва станица од неговата турнеја по Балканот, се среќава со политичките лидери на Босна и Херцеговина, а предвидено е попладнево да оддржи говор во босанскиот Парламент. При посетата на Сараево, Бајден го придружува и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана. Во Босна и Херцеговина, како што се јавува, безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво, поради посетата на високиот гостин. Посетата на Бајден на Балканот, има за цел да се демонстрира ангажираноста на Соединетите држави во регионот. Тој утре заминува за Србија, а во четврток ќе го посети Косово.
XS
SM
MD
LG