Достапни линкови

Месецов 1,5 милиони лица го напуштиле северозападен Пакистан


Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци соопшти дека само во текот на овој месец околу еден и пол милиони луѓе ги напуштиле своите домови од северозападните делови на Пакистан, на границата со Авганистан, поради судирите меѓу војската и талибанските бунтовници. Пакистанската влада тврди дека прави се за да им помогне на бегалците, но оти ќе бидат потребни дополнителни донации.
XS
SM
MD
LG