Достапни линкови

Десет илјади лица заболени од свинскиот грип


Светската Здравствена Организација очекува за периодот од една година да бидат произведени 4,9 милијарди дози вакцини против новиот вирус на свински грип, соопштено е во рамки на состанокот на Светската Здравствена Организација што се оддржува во Женева. Швајцарската фармацевтска компанија Новартис денеска информираше дека добила примероци од вирусот на свински грип и оти чека одобрение од СЗО за да почне со производството на вакцина. Според најновите податоци околу 10 илјади лица, во светот се заразени од новиот вирус.
XS
SM
MD
LG