Достапни линкови

Кина пред утрешниот самит со ЕУ сака подобрување на односите


Во пресрет на самитот Кина-Европска Унија, кинеските власти соопшија дека Пекинг сака подобрување на односите со Унијата, нарушени поради несогласувањата околу Тибет. Во рамки на состанокот кој започнува утре во Прага, предвидено е потпишување на повеќе важни договори. Инаку самитот Европска Унија-Кина требаше да се оддржи во декември минатата година, но беше откажан бидејќи францускиот претседател Никола Саркози се сретна со духовниот лидер на Тибет, Далај Лама, на што се противи Кина.
XS
SM
MD
LG