Достапни линкови

Тетовскиот универзитет полигон за политички пресметки?


Државниот Универзитет во Тетово

Државниот Универзитет во Тетово

Се добива впечаток дека Државниот Универзитет во Тетово служи како полигон за пресметување меѓу политичките партии, а тоа е недозволиво за институција која со Устав има загарантирана автономија коментира професорот Јетон Шасивари по случувањата кои уследија околу оваа институција со изборниот пораз на ДИУ во Тетово. Симптоматично е тоа што откако ректорот Сади Беџети како кандидат на опозициската ДПА стана градоначалник, ДУИ издејствува информацијата за инспекциските извештаи да биде прва точка
Универзитетот во тетово служи како монета за поткусурување меѓу политичките партии. Главен мотив е политичкиот мотив, да се обезбеди политичка доминација со Универзитетот и тој да се сфати како партиска база за вработување партиски кадри
на дневен ред на собраниската седница. Добро е да се отвори расправа за состојбите на Универзитетот забележува Шасивари, но нагласува дека чекори доколку се утврдат слабости треба да се преземаат преку правниот систем:

„Универзитетот во тетово служи како монета за поткусурување меѓу политичките партии. Главен мотив е политичкиот мотив, да се обезбеди политичка доминација со Универзитетот и тој да се сфати како партиска база за вработување партиски кадри.“

Процесот на консолидација на Тетовскиот универзитет не е лесен и битката за негов наследник ја следи оваа инстиуција. Пред две година тогашниот ректор беше именуван надвор од законските процедури коментира поранешниот министер за образование Азис Положани, што според него ги разниша некои од односите во оваа институција. Од друга страна недостатокот од пари и кусокот на кадри на Универитетот носи ризик од субстандарди вели Положани според кого има место за загриженост и на владата:

„Од друга страна, желбата на одредени структури во Министерството и без услови да се оди во отворање на дополнителни студиски програми, како што беше направено, очигледно дека го разредува универзитетот и мислам дека заеднички и Владата и Собранието како основач мора да работат на консолидација.“

За дел од аналитичарите пак сосема е непотребно ставањето на информацијата за инспекциските извештаи на Универзитетот како прва точка на дневен ред на собраниската седница. За Шасивари тоа дополнително ја политизира работата на оваа високообразовна институција.

„Ако има евентуални злоупотреби внатре во Универзитетот за тоа треба да одлучува судството. Никаде владата не се меша во работата на универзитетот.“

Деновиве ДУИ излзезе со забелешка дека инспекторите утврдиле повеќе неправилсности и кршење на законските одредби во работата на Универзитет и на досегашниот ректор и оти меѓу другото не е почитуван законот за работни односи и дека се отвораат студиски групи без акредитации. Пред две години ДПА посочуваше дека инспекторите утврдиле неправилности на Универзитетот поврзани со фанансиски злоупотреби.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG