Достапни линкови

logo-print

Властите на Косово ја повторуваат грешката


Приштина

Приштина

Интеграцијата на србите во косовското општество е возможна само преку поголема транспарентност на институциите на Косово кои треба да обезбедат рамноправен третман на сите граѓани.

Србите намаат доверба во ниту една институција на независното Косово, наведува Небојша Човиќ од Српскиот национален совет во северна Митровивца, додавајќи дека за тоа се неопходни неколку предуслови:

,,Прва работа е враќање на протераните. Да се види дека албанците навистина сакаат да живеаат заедно со своите довчерашни соседи. Втора работа е тоа демократско јадро кое ќе создаде клима дека србите не се страшила и конечно професионални судски органи.,,

Со тоа, како што наведува Човиќ за дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина Гзим Баџаку, се покренува процес кој ќе придонесе за заедничко излегување од социјалните проблеми што го чекаат Косово. Потпретседателката на Српскиот национален совет на Косово Рада Трајковиќ пак, смета дека е многу значајно секој кој живее на некој простор да се чувствува дека може да функционира на нормален начин, без оглед на националната припадност. Тоа, според неа, особено важи за луѓето кои се родени на Косово.

,,За мене е многу важно институциите и на локално и на централно ниво да не функционираат како досега, туку во согласност со нормативните акти и без оглед на етничката припадност.,,
Нашите политичари не најдоа долго време, повеќе децении вистински начин како албанците да ги ангажираат и вклучат во тогашните српски институции со што албанците би ги чувствувале како свои...


Немањето волја кај албанските политичари да поработат на вклучувањето на србите во секојдневниот живот е една од причините поради кои Косово не ќе може да го задржи поголемиот дел од србите, вели Небојша Човиќ, оценувајќи дека со тоа тие ја повторуваат истата грешка која порано ја правеле српските власти на Косово:

,,Нашите политичари не најдоа долго време, повеќе децении вистински начин како албанците да ги ангажираат и вклучат во тогашните српски институции со што албанците би ги чувствувале како свои.,,

Трајковиќ која го дели ваквото мислење прецизира дека односот на претставниците на иституциите на Косово спрема косовските срби најчесто се сведува на однос спрема државата Србија, а не спрема граѓани на Косово:

,,Некогаш или најчесто се однесуваат многу некоректно, со оглед дека се знае оти сте припадник на друга нација. Тоа е затоа што повеќето албанци не доживуваат како дел од држава, а не како индивидуи, како луѓе кои тука живееле секогаш.,,

Вели Рада Трајковиќ, потпретседател на Српскиот национален совет на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG