Достапни линкови

Војската на Шри Ланка тврди дека лидерот на Тамилските тигри бил убиен


Војската на Шри Ланка соопшти дека телото на лидерот на Тамилските тигри било пронајдено и идентификувано. Државната телевизија прикажала снимки од, како што соопшти, телото на Велапилај Прабакаран кој бил убиен вчера во последното упориште на Тамилските тигри во североисточниот дел на земјата. Претходно, оваа сепаратистичко движење демантираше дека нивниот лидер бил убиен. Инаку, претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапаксе денеска и официјално прогласи победа врз Тамилски тигри и завршување на дваесет и пет годишната граѓанска војна во која загинаа над седумдесет илјади луѓе. Во говорот во парламентот, тој изјави дека државата во иднина ќе ја има контролата врз целата своја територија.
XS
SM
MD
LG