Достапни линкови

Потпретседателот на САД Бајден ја почна турнејата на Балканот


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска ја почна турнејата по Балканот за да ја демоснтрира ангажираноста на Соединетите држави во регионот. Авионот на потпретседателот, познат како Ер Форс Два, изутрината слета на аеродромот во Сараево. Бајден кој е придружуван од еврокомесарот Хавиер Солана денеска ќе има состаноци со политичките лидери на Босна и Херцеговина, а ќе одржи говор и во босанскиот парламент. Тој утре заминува за Србија, а в четврток ќе престојува на Косово.
XS
SM
MD
LG