Достапни линкови

logo-print

Шри Ланка: Тамилските тигри негираат дека бил убиен нивниот лидер


Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапаксе денеска и официјално прогласи победа на државата врз сепаратистичкото движење Тамилски тигри и завршување на дваесет и пет годишната граѓанска војна во која загинаа над седумдесет илјади луѓе. Во говорот во парламентот, тој изјави дека државата во иднина ќе ја има контролата врз целата територија. Тамилските тигри вчера го положиле оружјето на североистокот на Шри Ланка, откако претходно било соопштено дека бил убиен нивниот лидер. Денеска ова движење соопшти дека тој не бил убиен.
XS
SM
MD
LG