Достапни линкови

Почнува дискусијата во земјите од ЕУ за визна либерализација


Македонија ги исполнува сите услови за укинување на визите, рекол претставник на една земја членка на ЕУ, јавува агенцијата Бета. Чешкото претседателство доцна синоќа ги добило извештаите на Европската комисија за напредокот кон визната либерализација на земјите кандидатки за членство во ЕУ. Денеска за тоа прашање ќе започнат да дискутираат земјите членки на унијата. Заменик шефот на чешката дипломатија Јан Појар рекол дека треба да помине време за да се дадат конечни оценки и одлуки.
XS
SM
MD
LG