Достапни линкови

Шри Ланка официјално ќе прогласи победа над Тамилските тигри


Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса и официјално ќе прогласи победа на оружените сили над Ослободителните тигри на тамилскиот Елам. Конфликтот меѓу властите во Шри Ланка и Тамилските тигри траеше 25 години, а бунтовниците ја загубија четвртвековната борба за создавање независна држава. Претходно властите соопштија дека во борбите го убиле лидерот на Тамилските тигри, Велупилај Прабакаран. Обединетите нации и САД го поздравија крајот на војната и повикаа земјата да им помогне на цивилите кои се најпогодени.
XS
SM
MD
LG