Достапни линкови

Американскиот потретседател Бајден утре ја почнува Балканската турнеја


Потпретседателот на Соединетите Држави Џозеф Бајден утре ја започува турнејата низ Балканот, најпрво со посетата на Босна и Херцеговина. Во Сараево на средбите со босанките власти ќе го придружува и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана. Потоа, американскиот потпретседател во среда ќе го посети Белград, а во четврток Приштина. На неговата посета се гледа како на сигнал, дека Вашингтон останува ангажиран на Балканот.
XS
SM
MD
LG