Достапни линкови

Турскиот претседател Абдула Ѓул ќе одговара за минати незаконски дејства


Турскиот суд одлучи дека на претседателот Абдула Ѓул треба да му се суди за минати незаконски дејства, јавуваат турските медиуми. Тврдењата за наводна измама се однесуваат на 90-тите години кога Партијата на благосостојбата од каде произлезе сегашната Партија на правдата и развојот, беше обвинета во незаконско присвојување средства од државниот трезор. Ѓул во 2007-та година беше избран за претседател на Турција и тој ужива имунитет.
XS
SM
MD
LG