Достапни линкови

logo-print

Гасоводот Јужен Тек ќе биде побрзо завршен од Набуко?


Рускиот министер за енергетика Сергеј Шматко денеска изјави дека најверојатно изградбата на гасоводот Јужен Тек ќе биде побрзо завршена од гасоводот Набуко. Проектот Јужен Тек ја има поддршката од Русија, додека Европската Унија го промовира гасоводот Набуко кој има за цел снабдување на Европските земји со гас од каспискиот регион, но без да поминува низ територијата на Русија, за да се намали зависноста од руски гас. Рускиот министер Шматко изјави дека проектот Набуко не е конуренција на гасоводот Јужен Тек.
XS
SM
MD
LG