Достапни линкови

logo-print

Односите меѓу Македонија и Словенија се добри


Словенија и натаму е силен поддржувач на аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, a билатералните односи меѓу двете земји се добри, оценија по денешната средба во Љубљана словенечкиот и македонскиот претседател Данило Тирк и Ѓорге Иванов. Ме радува што Македонија смета дека треба да се најде разумен компромис за спорот со името со Грција, рече Тирк кој воедно повика на внимателност при користењето на некои имиња од историјата за да не се искомплицира проблемот. Иванов пак изјави дека очекува по изборите кај јужниот сосед да се интензвираат преговорите за името.
XS
SM
MD
LG