Достапни линкови

Паѓа „Шенгенскиот ѕид“?


Шенген виза

Шенген виза

Европската Комисија денеска ќе ги запознае земјите членки со напредокот на земјите кандидати за визна либерализација. Македонија ја очекува одлуката

Европската комисија, денеска ќе ги запознае земјите-членки со напредокот на земјите-кандидати за визна либерализација. И Македонија ја очекува одлуката за тоа кога ќе биде симнат шенгенскиот ѕид. Либерализацијата на визниот режим е една од главните
Проблемот е како се манипулира во Македонија со визната либерализација и како таа беше претставувана од високи владини функционери, вклучително и премиерот. Во следните два месеци ќе добиеме, нон стоп ја креваа таа популистичка приказна, затоа што се фаќаа затоа што тоа им е европската приказна, визната либерализација
поитички приоритети на земјава.. И од амбасадорите во Македонија и од претседателот на Франција, Македонија доби порака дека ја подржуваат на нејзиниот пат за што поскоро визно олеснување.

Гордан Ѓорѓиев од центарот за стратешки истражувања Форум, вели дека иако Македонија заслужува визна либерализација, сепак треба да се знае дека кај големите европски сили постојат разни разногласија.

„Ние најверојатно според последните најави ќе добиеме кон крајот на годината или почетокот на 2010. Проблемот е како се манипулира во Македонија со визната либерализација и како таа беше претставувана од високи владини функционери, вклучително и премиерот. Во следните два месеци ќе добиеме, нон стоп ја креваа таа популистичка приказна, затоа што се фаќаа затоа што тоа им е европската приказна, визната либерализација. Проблемот е што гледаме дека тоа не оди така, тоа е малтене манипулирање со јавноста во однос на визната либерализација којашто и така ни следи.“

Најнапред Европската Комисија треба да изготви извештај, од кој потоа ќе произлезе формален предлог кој ќе им биде поделен на сите земји членки на ЕУ, а на 25 мај тие ќе го искажат своето мислење на Советот на министри. Професор Зеќир Идризи вели дека Македонија не ги исполнила до крај дадените препораки и Европската Комисија може да ја казни.

„Мислам дека уште не се иполнети услови, што се однесува на внатрешната политика во Македонија, затоа што нашата влада уште не е способна, што се однесува до меѓуетничките односи, коишто не се како што треба и тоа според мене уште влијае.“

Според последните анкети за половина од граѓаните на Македонија визната либерализација е најзначајна работа што може да и се случи на земјата во наредниот период, далеку пред приемот во НАТО или добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG