Достапни линкови

Жестоки борби во долината Сват во Пакистан


Пакистанските безбедносни сили соопштија дека воделе жестоки борби со талибанците во градот Мингора во долината Сват. Властите ги повикаа жителите на тој град да се евакуираат. Пакистанското министерство објави дека од почетокот на офанзивата пред три недели, досега биле убиени над илјада милитанти. Според Обединетите Нации, поради борбите, околу милион луѓе ги напуштиле своите домови.
XS
SM
MD
LG