Достапни линкови

Разговори Русија- Грузија


Официјални претставници на Русија и на Грузија денеска во Женева треба да одржат нова рунда разговори за безбедноста и хуманитарни прашања, во обид за намалување на тензиите кои уследија по војната во Грузија минатата година. На дводневните разговори ќе посредуваат Европската Унија, Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа и Обединетите Нации. Процесот е поврзан со конфликтот околу грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни во август минатата година.
XS
SM
MD
LG