Достапни линкови

Литванија доби претседателка


Литванија првпат ќе има жена за претседател, по победата на Далиа Грибаускаите, комесар за буџет на Европската Унија, во првиот круг од претседателските избори. Резултатаите од вчерашното гласање покажуваат дека таа освоила околу 69 проценти од гласовите. Изборната комисија соопшти дека одзивот бил 51 процент, што значи дека нема потреба од втор круг. Победничкиот кандидат настапи како независен и ќе дојде на местото на претседателот во заминување Валдас Адамкус, кој беше на функцијата пет години.
XS
SM
MD
LG