Достапни линкови

Ѓул го осуди противењето на Париз и Берлин за ширење на ЕУ


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека се неприфатливи напорите од некои европски земји да го блокираат влезот на Турција во Европската Унија. Во говорот за време на официјалната посета на Сирија, Ѓул пред новинарите изрази критики за недобивањето датум за преговори и за однесувањто на дел од европските лидери кои сметаат дека Турција не е подготвена да и се придржи на Унијата. Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел неодамна изјавија противење на турското приклучување кон ЕУ и сугерираа специјален статус за таа земја.
XS
SM
MD
LG