Достапни линкови

11 авганистански полицајци загинале во повеќе напади на бунтовниците


Во повеќе напади на бунтовниците во јужен Авганистан, денеска загинале 11 авганистански полицајци и еден војник. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека шестмина полицајци биле убиени откако талибанските бунтовници го нападнале нивното седиште во провинцијата Хелманд. Во сличен напад, неколку часа подоцна во провинцијата Нимроз, загинале пет полицајци. При експлозија на бомба поствена на пат во провинцијата Забул, загинал еден војник, а тројца биле повредени.
XS
SM
MD
LG