Достапни линкови

Проект на УСАИД „Моја кариера“ во Куманово


Куманово

Куманово

Со вклучувањето на Евроколеџот од Куманово во националната програма на УСАИД насловена „Моја кариера“, за полесно снаоѓање на младите академци на пазарот на трудот, Куманово е еден од 11-те градови во државава во кој е промовиран начинот за полесно и поуспешно доаѓање до работно место или до практицирање. Оваа програма им овозможува и на бизнисмените преку Интернет
Во рамките на програмата е функционирање и развивање на интернет веб платформа, www.mojakariera.com.mk, за спојување на практикантите или оние лица што бараат работа и компаниите кои имаат потреба од нови вработувања
порталот да ги добиваат сите неопходни информации за кадрите потребни за работа во нивните компании.

„Во рамките на програмата е функционирање и развивање на интернет веб платформа, www.mojakariera.com.mk, за спојување на практикантите или оние лица што бараат работа и компаниите кои имаат потреба од нови вработувања.“

вели Лидија Дамчевска од УСАИД.

Таа додава дека за само два до три месеци колку што постои порталот, се регистрирале над 700 студенти, 30 компании,а меморандум за соработка бил потпишан со сите акредитирани образовни институции во Македонија и веќе над 50 успешни практиканти работат во неколку значајни компании во државава.

„Освен академскиот пристап студентите од Евроколеџот добиваат шанса да се снајдат и во реалниот свет.Со овој проект на УСАИД ќе можат да им се наметнат на работодавците.“

вели Љубиша Петрушевски од Евроколеџот во Куманово.
Според неговите податоци кои ги обезбедува преку студентите кои веќе дипломирале во изминатите 3 години поголемиот дел од нив се вработени главно во банкарскиот и телекомуникацискиот сектор во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG